Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИзложба посветена на Скопје во ,, Агенцијата за сериозни интереси’’

Изложба посветена на Скопје во ,, Агенцијата за сериозни интереси’’

,, 13 начини на гледање на градот“ е насловот на изложбата посветена на Скопје, која ќе биде отворена утре со почеток во 20 часот и 30 минути  во Агенција за сериозни интереси.

Оваа изложба  ќе го покаже градот Скопје гледан од различни перспективи преку воздушни фотографии од далечното минато, со слики од  семејната архива Еремееви.

Изложбата ,, 13 начини на гледање на градот“ содржи и цртежи  и модели на неколку важни локални згради од периодот на модерната, подготвени од архитект Мартин Гулески.

Вистинска можност за сите граѓани на Скопје да го видат својот град од оние агли на кои до сега можеби и не помислиле. 13те начини на гледање на Скопје би можеле да покажат колку креативни различни перцепции можат да постојат за едно исто место.  Оваа изложба вклучува повеќе автори од различни генерации, а ќе трае до 11 јули.