Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнИзложба на Star Wars – Уметност на филмскиот сет

Изложба на Star Wars – Уметност на филмскиот сет

Лукас Музејот кој се грижи за сите иконски филмски костуми, делови од сетот, продукциски предмети, оружја и уникатни филмски детали ќе има голема изложба во Њујорк со изложбата Star Wars.

Chewbacca and Han Solo

 

На изложбата ќе бидат прикажани највпечатливите експонати од филмската сага кои со децении се дел од поп културата како робовскиот секси костим на принцезата Леа, костимот на Чубака влакнестиот помошник на Соло како и омилените роботи. R2D2 и C-3PO.

Anthony Daniels and the Droids

Изложени ќе бидат и костимите на џедаите, потоа на ситовите, замрзнатиот Хан Соло во карбонит, маската на Дарт Вејдер, светлосните мечеви и уште многу други реквизити.

Leia’s Slave Bikini

 

Darth Maul in Action

Han Solo in Carbonite

Изложбата доаѓа во идеално време пред филмската премиера на Star Wars: The Force Awakens.