Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиИзложба на современа уметност- само за кучиња!

Изложба на современа уметност- само за кучиња!

Во Лондон е отворена првата изложба за современи уметности наменета само за кучиња, која ја креирале уметници, ветеринари и експерти за кучиња, а се состои од четири инсталации специјално дизајнирани за најдобриот пријател на човекот. Бидејќи лондонските уметници се потешко се пробиваат на сцената, смислиле начин како да го привлечат вниманието на медиумите и неодамна отвориле изложба во чии експонати ќе можат да уживаат миленичињата на лондонските дами и господа.

Авторот на изложбата Доминик Вилкокс изјавил дека изложбите за современа уметност од секогаш буделе љубопитност кај луѓето како извор на инспирација и фасцинација, но дека ниту една од нив до сега не била посветена на кучињата. „Иако ова беше еден од најтешките предизвици со кој се имаме соочено до сега, сепак со големо нетрпение чекам да видам како ова ќе се одвива“, изјави Вилкокс.