HomeUncategorizedИзложба на граѓаните од трето доба преку проектот Дописни картички

Изложба на граѓаните од трето доба преку проектот Дописни картички

starec-slika

Неделата на грижа за стари лица ќе заврши со изложба на дописни картички од лица во трето доба, која ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“. „Дописни картички“ се реализира во рамки на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ при Црвен крст на град Скопје во соработка со Агенција за пошти.

– Проектот се реализира три месеци и имаа можност да учествуваат и конкурираат сите лица во трето доба во Македонија. Преку овој проект, лицата во трето доба имаа можност да ја искажаат својата креативност и да создадат уметнички дела во форма на дописни картички, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.

На отворениот конкурс пристигнале над 80 дописни картички од целата држава со што, споед организаторот на изложбата, се оставруваа една на насоките на Обединетите нации за практикување на активно стареење. На отворањето на изложбата ќе бидат доделени награди за најдобрите три дописни картички.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com