Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејИзложба на фотографии вечерва на ,,Крушевско културно лето"

Изложба на фотографии вечерва на ,,Крушевско културно лето"

Продолжува програмата на манифестацијата ,,Крушевско културно лето”. Сите љубители на уметноста вечерва  ќе имаат можност да ја посетат изложбата на фотографии ,,Монент на впечатоци” на новинарката Каролина Мицевска од Прилеп. Изложбата ќе биде поставена во Домот на културата ,,Наум Наумовски -Борче”  во Крушево

Мицевска на изложбата ќе се претстави со 20 фотографии кои се дел од подолгорочниот циклус „Момент на впечатоци“ на кој започна да работи во 2007 година. Преку нив се пренесени импресиите од природните убавини на Македонија, на Крушево, но и од Русија.

Каролина Мицевска е  дипломиран новинар, досега имала изложби во родниот град, во Гевгелија, Радовиш и Неготино.