Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмИзложба по повод 90 години од раѓањето на најславната русокоса во светот

Изложба по повод 90 години од раѓањето на најславната русокоса во светот

Норма Џин Мортенсон е родена на 1-ви јуни 1926 година во болницата на сиропиталиштето во Лос Анџелес.

Своето име го променила на 23-ти февруари 1956 година во Мерлин Монро.

Таа беше филмска актерка, пејачка, модел и своевидна икона, а многумина ја сметаат за најпознатата американска филмска ѕвезда. Мерлин доби и Златен глобус за најдобра актерка во комедијата “Некои тоа го сакаат жешко”.

Изложба со фотографии од најпознатата блондинка ќе биде отворена од 2-ри и ќе трае до 30-ти јуни во галеријата Он галери во Лондон. Во оваа изложба се вклучени фотографии Мерилин направени во периодот од 1946 до 1962 година.

Починала во 1962 година, а нејзината смрт и денес е предмет на шпекулации.