Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСИзлезете од рутината – и во фитнесот важна е разновидноста

Излезете од рутината – и во фитнесот важна е разновидноста

Доколку редовно вежбате сигурно имате некоја омилена рутина или некој спорт кој го практикувате за да се испотите. Иако навидум тоа е супер, посебно бидејќи сте се пронашле во некоја идеализирана состојба за здрав начин на живот во продолжение прочитајте неколку причини поради кои е добро да се смени тренингот.

Вежбањето само по себе делува врз ослободување на важни материи како миокини и цитокини кои што се природни имунолошки стабилизатори на воспалителните реакции и дозволуваат на телото оптимално да се опорави од овие состојби.

Воспалението секако е последица на континуирано оптеретување на одреден мускул или мускулни групи и во одредени случаеви може да предизвика одредени болести.

Доколку редовно се менува тренингот (да не се разбереме погрешно се мисли на сите видови тренинзи, не само тие што вклучуваат тежина и работа на различна мускулна група) мускулите добиваат време да закрепнат и доколку тоа е проследено со квалитетна храна секако да се регенерираат (и на тој начин да се зголемат и зајакнат).

20113-1_l

Според многу експерти аеробното вежбање се препорачува минимум 2 до 3 пати неделно во комбинација со друг вид на активност, доколку е можно тоа да биде тренинг со тегови (наменет за зголемување на сила).

Доколку пак тренирате спортови кои од вас бараат повеќе статично (одбојка) или монотоно (маратон, полумаратон) поставување, или пак тежнеат накај тоа генерално да се користи еден дел од телото (фудбал), ова е со посебен бенефит. Помага со активирање на делови од телото кои не се користат често и ја зголемува циркулацијата а со тоа и дистрибуцијата на крвни зрнца. На овој начин организмот ќе пренесува кислород побрзо и резултатот ќе го осетиме пред се на издржливоста.