HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзлетал пред македонскиот камионџија во Србија, се судриле и семејство од Австрија

Излетал пред македонскиот камионџија во Србија, се судриле и семејство од Австрија

mlado-momche-zagina-vo-soobrakjajka-kaj-veleshta-161190

Страшна сообраќајна несреќа се случи на автопатот Суботица – Нови Сад откако засега непознат маж истрчал пред камион со македонски регистарски таблички, а инцидентот се случил во 1:30 по полноќ. Во несреќата учествувал и втор автомобил, па вкупниот број на жртви изнесува три, додека две лица се тешко повредени.

Во обид да го избегне телото на автопатот, „мерцедес“ со австриски регистaрски таблички, удрил во оградата, а потоа со задниот дел автомобилот влетал под застанатиот камион. Од тешкиот удар загинале двете деца што се возеле во автомобилот. Возачот и совозачот со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Војводина, каде што еден од нив е во животна опасност.

Српската полиција изврши увид на местото на несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com