Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзградба на Коридорот 8, тема на средбата Димитров – Бушати

Изградба на Коридорот 8, тема на средбата Димитров – Бушати

Интензивирање и зајакнување на политичката, економска и особено инфраструктурната и енергетската соработка, беше тема на денешната средба во Тирана на министерот за надворешни работи Никола Димитров и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, соопштија од македонското МНР.

Министрите разговарале за заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и регионалната соработка, во духот на европските и евро жатлантски вредности.

„Се разговараше за можностите за реализација на заеднички проекти со користење на средства од ИПА фондовите, особено во контекст на унапредување на интерконективноста. Министрите ја нагласија потребата од изградба на Коридорот 8, како и железничката пруга Кичево-Охрид, со крак до Лин. Беше потврден заедничкиот интерес за поскоро профункионирање на Мешовитиот комитет за економска соработка“, стои во соопштението.

Од МНР наведуваат дека министрите договориле оваа есен да се одржи прва заедничка владина седница помеѓу Македонија и Албанија, како и одржување на редовни политички консултации по прашања од билатерален и регионален интерес.

За време на посетата на Тирана, е која доаѓа на покана на албанскиот министер за надворешни работи Бушати, Димитров се сретна и со албанскиот претседател Илир Мета, кој истакна дека двете држави треба да покажат соработка и солидарност.

– Стабилна Македонија значи стабилност и за Албанија, просперитетна Македонија значи и просперитетна Албанија – рече Мета.