Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзгоре возило во голем пожар кај Ротино

Изгоре возило во голем пожар кај Ротино

Голем пожар избувна вчера кај битолското село Ротино, објави телевизијата Тера. Пожарот зафатил и едно возило кое се движело на патот и изгорело, а се уште нема информација дали има повредени.

Противпожарната единица на Битола е на терен и состојбата според зборовите на командирот е многу опасна. Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население. Според информацијата на телевизијата, пожарот избувна кај селото Цапари и зафати нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнево го имаше во регион, овозможил брзо ширење.

извор:ТВ Тера