Изгоре сендвичарата Жан Мари во Тафталиџе
Избувна пожар во сендвичарата Жан Мари во скопско Тафталиџе. Според информациите на Позитив.мк пожарот избувнал од оџакот, а потоа брзо се проширил на останатиот дел. Очевидците велат дека за само 5 минути изгорела целата сендвичара. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спасени се соседните трафики. За среќа нема повредени и причинета е само материјална штета.
Фото:Методи Здравев/Позитив.мк