HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгоре котларата на зградата на општина Тетово

Изгоре котларата на зградата на општина Тетово

Изутринава околу 10 часот од засега непознати причини се запалил објектот на котларницата за парно греење што се наоѓа зад зградата на општината во Тетово. Во пожарот целосно изгореле котлите и другата инсталација заедно со целиот објектот.

Со брза интервенција на тетовските пожарникари спречено е огнот да се прошири на резервоарите за гориво, како и на другите објекти и куќи што се наооѓаат во близина на котларницата.

– Интервениравме со четири противпожарни возила возила и девет пожарникари и брзо и ефикасно го изгаснавме огнот со што спречивме пожарот да се прошири на другите објекти и нема никаква опасност понатаму. Спречивме да дојде до некоја експлозија иако не знаеме дали има гориво или не внатре. Причините за појавувањето на пожарот и вкупната материјална штета ќе ги утврдува истрагата што треба да ја спроведе полицијата, изјави раководителот на тетовската територијална противпожарна единциа Ука Алити.

Во пожарот освен материјална штета на објектот и инсталациите на котларницата нема повредени кај пожарникарите, вработените во општината и други лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com