Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгоре ќесето – Угостителите сакаат фер наплата на музика од ЗАМП

Изгоре ќесето – Угостителите сакаат фер наплата на музика од ЗАМП

Здружението на угостителството и туризмот побара од ЗАМП нов начин на пресметка на обврските за користење на авторска музика и да се врши фер наплата, како и да се знае кој е корисник на овие средства. Угостителите бараат наместо 4, да плаќаат 2 денара, додека пак во објектите да се наплаќа според искористеноста, а не според капацитетот.

-Не сме за неплаќање тарифа кон ЗАМП, само сметаме дека мора да се изнајде рационален модел на пресметка, односно правилно фактурирање, истакна потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Комората Славе Сирачевски на прес-конференција.

Исто така се бара намалување на таксата во хотелите бидејќи сите гости не слушаат музика, додека пак при обврските за организирање на свадби и веселби каде има жива или музика на носач на звук да се плаќа 6 наместо 12 посто.

Трошоците на угостителите се огромни, годишно достигнуваат и до 12 илјади евра, додека пак ЗАМП од година во година има огромен раст на приходите од авторски и сродни права, па се бара одговор и од Министерството за култура како и за кого се трошат овие пари.