Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгор сметки за исклучените од парно – Ќе се жалат во Стразбур

Изгор сметки за исклучените од парно – Ќе се жалат во Стразбур

Иако е лето со изгор температури граѓаните кои веќе повеќе од година дена се исклучени од користење топлинска енергија, а се уште плаќаат сметките им се вистински товар. Тие го искористија моментот на актуелизирање на темата за цената на топлинска енергија и најавија дека правдата ќе ја бараат во Меѓународниот суд во Стразбур бидејќи плаќаат нешто што не го користат.

Регулаторната комисија за енергетика пред неколку дена донесе одлука за намалување на цената на парното греење од 1 август за околу 11 проценти. Но, демонстратите велат дека не се задоволни од оваа одлука и бараат повисок процент на спуштање на сметките. Ако не се земат предвид нивните барања правдата да ја бараат во меѓународните судови.