HomeДЕНЕШНАЕкономијаИзгласан буџетот за 2017. Развоен или буџет за корупција на гласачкото тело?

Изгласан буџетот за 2017. Развоен или буџет за корупција на гласачкото тело?

Собранието, пред распуштање го изгласа предлог буџетот за 2017. Наредната година ќе се троши најтешкиот буџет. Седницата не помина без жестоки обвинувања од страна на опозицијата. Министерот за финансии Кирил Миновски го бранеше буџетот како развоен и повторно најави буџетска консолидација. Најави и повеќе средства за социјални трансфери, како и намалување на буџетскиот дефицит.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека ова е криминален катастрофален буџет за корупција на гласачкото тело. Тој истакна дека оваа власт постојано се задожува за непродуктивни цели, ПИОМ е пред распад, на кредит се градат панорамски тркала и жални врби. Сугаревски рече дека бомбите на опозицијата покажаа дека парите на граѓаните се украдени и изнесени од државата.

Тој праша: зошто 10 години владејачката гарнитура мислела на споменици, а не на болници. Орхан Ибраими од ДПА ги обвини ДПМНЕ и ДУИ дека донеле уште еден антихуман и антиалбански буџет. Албанците се експлоатираат, а годишно им се краде над еден милион евра. Албанците живеат како во среден век, без вода за пиење и без канализација. Ибраими рече дека носењето на буџет е залудно, бидејќи по 11-ти декември ќе се случи ребаланс на буџетот.

Економските експерти долго време предупредуваа дека носењето буџет пред избори нема да биде легитимно, бидејќи легитимитет на нов буџет ќе добие оној кој ќе освои најмногу гласови на претстојните избори. Дополнителниот заменик министер, Кире Наумов предложи времено финансирање наместо нов буџет, а голем дел од економистите го поддржаа неговиот предлог како економски најприфатливо решение.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com