Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИзбувна пожар во ресторан на Матка

Избувна пожар во ресторан на Матка

Избувна пожар во ресторанот „Манастирска пештера” кај манастирот „Света Богодорица” на Матка, информираше денес пожарникарската единица, пренесува порталот МКД.МК. Причината поради која избувнал пожарот е запалена скара.

„Се запалила скарата, но нема поголема материјална штета. Навреме е реагирано и брзо е изгаснат пожарот. Изгорен е димоводниот канал и нешто што пржеле горе на скарата”, изјавил командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски.