Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИзбран најдобриот тим во Лигата на шампионите

Избран најдобриот тим во Лигата на шампионите

Во саботата навечер, се одигра последниот натпревар од Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017, во која Реал Мадрид по 12-ти пат во својата историја ја освои титулата на шампион на Европа.

По финалниот натпревар УЕФА го избра најдобриот состав во Лигата на шампионите оваа сезона, а место во идеалниот тим заземаат дури осум играчи на Реал Мадрид по три на Јувентус и Атлетико Мадрид, два од Монако и по еден од Барселона и Баерн Минхен.

Голмани – Буфон (Јувентус), Облак (Атлетико Мадрид)

Одбрана – Годин (Атлетико Мадрид), Рамос (Реал Мадрид), Бонучи (Јувентус), Марсело (Реал Мадрид), Карвахал (Реал Мадрид)

Среден ред – Касемиро (Реал Мадрид), Крос (Реал Мадрид), Модриќ (Реал Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Бакајоко (Монако), Пјаниќ (Јувентус)

Напад – Мпабе (Монако), Меси (Валенсија), Гризман (Атлетико Мадрид), Левандовски (Баерн Минхен), Роналдо (Реал Мадрид)
18893327_1622530967793359_8468208318938071221_n