Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзборот на Талат Џафери утре и официјално во „Службен весник“

Изборот на Талат Џафери утре и официјално во „Службен весник“

По неколкудневната неизвесност, Службен весник, утре ќе ја објави одлуката дека Талат Џафери е избран за нов претседател на Собранието- објави А1on. Како што објави порталот, одлуката се печати уште вечерва, а утре и официјално ќе биде објавена.

СДСМ, а и дел од медиумите ја покренаа дилемата дека необјавувањето на одлуката е еден вид на опструкција од страна на ВМРО- ДПМНЕ, со оглед на фактот што со ЈП „Службен весник“ директорува Лука Кржаловски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на партијата. Печатницата, „Графички центар“, која за два дена оди во стечај одлучила последниот број кој ќе се печати кај нив да го сработат вечерва по што „Службен весник“ ќе мора да објави нов тендер, во кој ќе се бара печатница.