HomeДЕНЕШНАПолитикаИзборната забава ќе се случува во четворката: Заев vs. Груевски

Изборната забава ќе се случува во четворката: Заев vs. Груевски

15049974_10208952797111986_3974024_n

Никола Груевски, Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Слободан Богоевски ќе се тркаат во четворката. Од ова друштво само Георгиевски, официјално немал судир со законот. И Груевски и Заев се аболицирани, а Богоевски одлежа и затвор.
ОВА ЌЕ БИДЕ ПРВО ДИРЕКТНО СООЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМИТЕ РИВАЛИ ЗАЕВ : ГРУЕВСКИ.

Најголемото изненадување е номинирањето на Никола Груевски како носител во четвртата изборна единица која го опфаќа регионот на Струмица, Гевгелија,Кавадарци, Неготино и Прилеп.vГруевски на Фејсбук напиша дека го очекувал Заев во првата изборна единица но дека тој не дошол и дека затоа се одлучил да се кандидира во „четворката“.

Заев ужива голема доверба на тоа подрачје со оглед на фактот дека долги години е татко на Струмица. Токму затоа овој дуел ќе биде еден од најинтересните на претстојните избори. Кој ќе победи во четвртата Изборна единица ќе одлучи кој ќе биде победник на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.
Друг интересен и редок дуел е Ахмети-Тачи во шестата изборна единица. Ова ќе бидат најинтересните дуели меѓу четворицата лидери за изборите во 11 декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com