HomeДЕНЕШНАЕкономијаИзборната кампања нема да спречи ново задолжување на Владата

Изборната кампања нема да спречи ново задолжување на Владата

pari_1_4

Без оглед што има уште 15-на дена до изборите и предизборната кампања е во полн ек, Владата сепак ќе се задолжи со нови 113,5 милиони евра кај домашните кредитори, во вторник, на 29 ноември.

На 30 ноември, власта треба да врати околу 53 милиони евра, а на 1 декември уште околу 61 милион евра што значи до денот на изборите, власта треба да врати вкупно 124,6 милиони евра, а до крајот на годината треба да врати вкупно 160,5 милиони евра.

Владата овој пат посегна по обврзниси со подолг рок на враќање.

Според проспектите во вторник на аукција ќе се продаваат држави записи со рок на враќање од 6 и 12 месеци и државни обврзници со девизна клаузула со рок на враќање од 2, 10 и 15 години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com