Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионИзборите во Турција го одложија зимското сметање на времето

Изборите во Турција го одложија зимското сметање на времето

Турција не започна со зимското сметање на времето. Владата донесе решение за одложување на враќањето кон зимското сметање на времето, поради парламентарните избори на 1 ноември, јави ДПА.

Министерот за енергетика Али Раза Алабојун изјави дека мерката е во интерес на гарантирање на безбедноста за време на кампањата и изборниот ден. Часовниците ќе се вратат за еден час наназад на 8 ноември, две седмици по останатиот дел од Европа.