Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзбори на 24 април – лидерите конечно се договорија

Избори на 24 април – лидерите конечно се договорија

Лидерите на четирите политички партии постигнаа договор за излез од политичката криза – соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан околу 1 часот полноќ. Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ги договорија главните точки за излез од кризата кои ќе резултираат со одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година. Хан кој остана заедно со европратеникот Ричард Ховит пред новинарите кои го чекаа исходот на преговорите што започнаа од утринските часови па се до доцна во ноќта изјави дека е задоволен од постигнатиот догвоор.

Тој рече и дека во текот на вечерта имал телефонски разговор со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд и ја информирал за разговорите. Хан беше задоволен што може да соопшти дека Македонија со овој компромис ќе ја задржи препораката за почнување пристапни преговори со ЕУ, но и дека треба да им помогне на некои земји членки кои имаа отпор и го блокираа отворањето на преговорите, да се убедат да ја отворат вратата за европската перспектива на земјата.

По завршувањето на средбата во Прижино посебни прес конференции одржаа премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, кои ги кажаа деталите на договорот и ги протолкуваа секој за себе како голем успех. Премиерот на техничката Влада ќе го предлага ВМРО-ДПМНЕ. До 15 септември ќе се избере и нов специјален обвинител кој треба да ги истражи систе злоупотреби откриени си прислушуваните разговори. Лидерот на СДСМ Зоран Заев исто така искажа големо задоволство затоа што, според него, СДСМ ја пстигна целта со проектот „Вистината за Македонија“ и Груевски ќе поднесе оставка во декември.

Новата преодна влада треба да се формира на 15 јануари, а во неа СДСМ ќе има министер за внатрешни работи и заменици министри со право на вето во министерствата за финансии, земјоделство и труд и социјална политика. Опозицијата ќе се врати во Парламентот на 15 септември. Работни групи на двете партии треба допрва да утврдат кој ќе раководи со други значајни институции како Управата за јавни приходи, Бирото за јавна безбедност, МРТВ и други. Заев соопшти дека на преговорите воопшто не станало збор преодната влада да го решава спорот со името.