HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзбодено 16-годишно момче во автобус на ЈСП

Избодено 16-годишно момче во автобус на ЈСП

jsp-izbodeno-momce

Малолетно лице на возраст од 16 години, вчера, сред бел ден беше избодено со нож во автобус на ЈСП број, 65В, соопшти денеска МВР.

К.Б заедно со двајца другари се возел во автобус, а несреќата се случила на пладне, околу 12: 30 часот, кога автобусот се наоѓал во месноста викана „45-ка“. Средношколците се карале со група други средношколци, а вербалната расправија преминала во тепачка. При инцидентот, К.Б бил нападнат со нож од врсник.

Откако момчето со другарите не реагирало на провокациите, напаѓачите почнале да ги шутираат. Во тој момент нападнатото момче ја кренало ногата за да се одбрани и во тој момент му нанеле четири убоди со нож во пределот на мускулот под коленото.

Момчето итно е пренесено на понатамошно лекување и му е извршена хируршка операција. Сега е на интензивна нега. Случајот го разгледува МВР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com