Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзбегната трагедија во Гостивар: Им паднал залутан куршум додека переле теписи

Избегната трагедија во Гостивар: Им паднал залутан куршум додека переле теписи

За влакно била избегната трагедија вчера во Гостивар кога проектил од непознато огнено оружје паднал во дворот на 34-годишниот гостиварец П.Џ. кој во тоа време заедно со неговата сопруга и малолетната ќерка переле теписи на отворено.

Настанот го пријавил во полиција и како што опишал, додека во дворот од нивната куќа, на улица „Фазанерија“ во Гостивар переле теписи, паднал проектилот кој прво удрил во бетонска патека во дворот, по што се одбил на два до три метра од местото на ударот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово која работи на целосно расчистување на случајот.