Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзбегната несреќа на шините – воз поминал на црвено

Избегната несреќа на шините – воз поминал на црвено

Вчера избегната голема несреќа. Воз полн со мигранти кој сообраќал од Гевгелија кон Табановце поминал на црвено, за малку ќе се судрел со друг празен воз кај станица „Криволак“. Инцидентот се случил во 13.20 часот, кога возот со број 914 го поминал влезниот сигнал во станицата, но не застанал на време и влетал на исти коловоз со друг воз кој сообраќал на спротивна страна и се движел од Скопје кон Гевгелија за утовар на мигранти.

Машиновозачот и неговиот помошник, веднаш се суспендирани од работа. Овие информации ги изнесе претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

Од друга страна, генералниот директор на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, го негира инцидентот и вели дека такво нешто денеска воопшто се нема случено. Возот кој превезувал околу 900 мигранти, на кои за голема среќа не им се случило ништо, останал на станицата до 15.50 часот, чекајќи друг воз да ги префрли до Табановце.