Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулИзбегнат поголем инцидент на натпреварот Вардар – Шкупи

Избегнат поголем инцидент на натпреварот Вардар – Шкупи

Во текот на вечерашниот натпревар од првата фудбалска лига меѓу Вардар и Шкупи дошло до мал инцидент откако гостинските навивачи започнале да го слават водечкиот гол, по што домашните навивачи на северната трибина се обиделе да се пресметаат, јавува телеграф.

Набрзо полициските припадници направиле кордон меѓу нив и избегнат е инцидент. Инаку овој натпревар беше оценет со висок ризик, по што имаше забрана за организирано присуство на гостински навивачи. Крајниот резултат е 2:2.

Фото: telegraf.mk