HomeДЕНЕШНАСветИзјавите за муслиманите избришани од официјалниот сајт на Доналд Трамп

Изјавите за муслиманите избришани од официјалниот сајт на Доналд Трамп

tramp-kampanja

Од официјалниот сајт на новиот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп беа избришани неговите изјави околу плановите да им биде забранет влезот на муслиманите во оваа земја, пренесуваат тамошните медиуми. Според овие извори, страницата на која се наоѓале тие изјави била достапна до денот на изборите, 8 ноември, но веќе денес со клик на таа страница автоматски ќе се префрлите на страница каде може да се донира пари во кампањата на Доналд Трамп.

Таа промена се случила вчера навечер. Трамп повика на забрана на влез на сите муслимани во неговата земја после терористичките напади во Париз минатата година, што предизвика негативни реакции кај јавноста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com