Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИвица Боцевски и Флора Кадриу избрани за посебни советници на Иванов

Ивица Боцевски и Флора Кадриу избрани за посебни советници на Иванов

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски и поранешната пратеничка Флора Кадриу се нови советници на претседателот Ѓорге Иванов, а ќе бидат ангажирани во кабинетот на Иванов до истекот на неговиот мандат во 2019 година.

Кабинетот на македонскиот претседател за Макфакс ја потврди информацијата. Оттаму појасниле дека Боцевски и Кадриу се избрани за посебни советници на претседателот Иванов преку јавен оглас, што бил распишан на почетокот на месецот.

Во изјавата од кабинетот се вели: „Боцевски и Кадриу се исклучителни професионалци со повеќегодишно искуство на политичката сцена во Македонија. Сметаме дека нивниот ангажман ќе придонесе за натамошно зајакнување на капацитетите на институцијата Претседател на Република Македонија и ќе даде позитивен импулс во работата на претседателот Иванов“.