HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИвановиќ добил повик од соништата, потпишува за Барселона?!

Ивановиќ добил повик од соништата, потпишува за Барселона?!

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ добил повик од Барселона да се пресели на „Камп Ноу“ уште оваа зима. Барселона интензивно бара замена за Алеиш Видал кој не е во плановите на Луис Енрике, а на листата се наоѓаат имиња на неколку фудбалери. Претходните неколку недели се споменуваа Лихштајнер, Кансело, Срна Де Шиљо, а од денес во приказната влегуваат и Виктор Мозес и Бранислав Ивановиќ.

Ивановиќ не е во првите планови на Антонио Конте, се пресели на клупата од кога Италијанецот заигра со тактика 3-4-3 и се чини дека за Србинот нема иднина во Лондон. Договорот со Барселона му истекува во јуни следната година, што значи дека за мали пари би можел да премине во редовите на Барселона и да го оствари трансферот на кариерата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com