Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов за ХРТ: Нема да му го дадам мандатот на Заев бидејќи така ќе го прекршам кривичниот Законик

Иванов за ХРТ: Нема да му го дадам мандатот на Заев бидејќи така ќе го прекршам кривичниот Законик

Иванов и на Хрватите им раскажа дека земјата е во опасност. 67-те потписи кои ги има Зоран Заев се добиени под уцена од албанските партии, да прифати платформа која е донесена во Кабинет на премиер на туѓа држава. Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за ХРТ, вели дека доколку му го даде мандатот за формирање Влада на Заев, ќе го прекрши членот 308 од Кривичниот законик бидејќи ја руши независноста на државата, за што се изрекува казна до 5 години затвор.

Правната пречка се решава со избор на нов претседател на Собранието. Јас како претседател на државата, имам рок од 10 дена да го дадам мандатот. Но, другата пречка е посуштесвена. Тие 67 потписи се добиени под уцена на албанските партии да Заев прифати платформа која е донесена во кабинетот на Премиерот на друга држава. Ако дадам мандат на некој кој прифатил платформа на туѓа држава, согласно напиот кривичен закон, членот 308 јас ја рушам независноста на државата, таму изричито стои, тој што би ја довел државата во подредена сосотојба и зависност од дрга држава се казнува до пет години затвор“, изјави Иванов. Во интервјуто, шефот на државата упати и директни обвинувања за Зоран Заев.