Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во Софија ќе говори за солидарноста при глобалните кризи

Иванов во Софија ќе говори за солидарноста при глобалните кризи

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов продолжува со својата агенда за повикување на солидарност и соработка како меѓу балканските земји, така и во односите со Европската Унија.

Затоа Иванов денеска ќе учествува на шестиот Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“. Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“, пренесува МИА.

Главниот фокус на дводневниот форум ќе биде ставен на неизбежното прашање за состојбата со бегалската криза и наоѓање похумани решенија кои ќе произлезат од меѓусебна солидардност. Иванов утре ја завршува работната посета на Република Бугарија.