Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во понеделник ќе биде домаќин на Туск

Иванов во понеделник ќе биде домаќин на Туск

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во понеделник ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во посета на државата, потврдуваат од Кабинетот на Претседателот за МИА.

Посетата на Туск на Македонија е во рамки на негова регионална турнеја, посветена на состојбите со мигрантската и бегалската криза и примената на сеопфатното европско решение.

Освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, велат од кабинетот на шефот на државата, Иванов ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.