Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во Париз за решавање на бегалската криза, климатските промени секундарни

Иванов во Париз за решавање на бегалската криза, климатските промени секундарни

Македонскиот претседател на Самитот за последиците од климатските промени оствари повеќе средби со лидери на земји на кои се разговарало на повеќе политички теми од кои секако неизбежна е кризата со бегалците и мигрантите. Првичните впечатоци се дека Македонија како земја засега добро се справува со кризата и е пофалена за ефикасниот третман.

gorge-ivanov

„Нашиот кризен менаџмент е активиран, имаме прогласено кризна состојба и постапуваме согласно нашиот закон за се што е предвидено од тој аспект. Македонија добива комплименти, бидејќи за разлика од некои други држави кои беа изненадени и не се снајдоа најдобро, Македонија од самиот почеток на кризата прави се за да нема никакви последици по безбедноста на нашето население, потенцира Иванов.

Во разговорите со светските лидери на Самитот се зборувало за македонската евроатлантска интеграција, за состојбите во регионот, како и за предизвиците со мигрантската и бегалската криза.

migranti granica5

„Со претседателот Обама зборував за нашата евроатлантска интеграција, изјави Иванов. Додаде дека Македонија го почнува 17-тиот акциски план за членство во НАТО, а се уште стоиме во место и имаме статус-кво состојба. Со Ангела Меркел имавме подолг разговор, кој се однесуваше на проблемот што не засега сите во нашиот регион и кој станува се повеќе глобален проблем. Проблемот со бегалците и мигрантите, изјави македонскиот претседател.

Говорејќи за средбата со канцеларката Меркел, Иванов истакнал дека Република Македонија има проблеми односно предизвици кои доаѓаат од територија на Европска унија и од членка на НАТО.

ivanov polska

„Разговаравме отворено со госпоѓата Меркел за тоа што се се подготвува во врска со бегалската криза. Таа информираше за самитот што се одржа меѓу Европската унија и Турција, што е планирано, кои мерки ќе се превземат краткорочно, кои долгорочно, како и за тоа кои се нивните очекувања. Процесите што се почнати со бегалската криза доведоа до тоа што, сега коридорите на бегалците ги користат мигрантите од Африка и од Азија и затоа мора да се превземат мерки како што и ние превземавме. Со цел, додаде Иванов, да се разликуваат тие што бегаат од боиштата, пред се луѓето од Сирија, Ирак и Авганистан, од оние кои се економски мигранти, рече македонскиот претседател.

На самитот во Париз покрај за политичките прашања се разговара секако и за климатските промени кои многу светски лидери ги препознаваат како вистинска закана за одржливоста на планетата за идните генерации, па затоа има и многу заложби нешто да се промени без оглед на економските, социјалните и геостратешките интереси.

climate change3

„Доминира свеста дека сме моќни како цивилизација за еден предизвик, на кој мораме заеднички да наоѓаме одговор. На минатите самити имавме многу декларативен однос кон овие прашање. Сега, конкретно во овој момент е потребно нешто што веќе е најавено. Конкретни иницијативи чија цел е глобалното затоплување да не биде поголемо од 2 Целзиусови степени, бидејќи последиците за човековата цивилизација се катастрофални, рече Иванов.

21-от Самит за климатски промени во Париз ќе продолжи со конференција на која ќе се донесат заклучоци и акциски планови за наредните години.