HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во Париз ќе се обрати на најважниот климатски самит

Иванов во Париз ќе се обрати на најважниот климатски самит

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на Самитот за климатски промени, а ќе присуствува и на работниот ручек, кој го приредува претседателот на Франција, Франсоа Оланд и министерот за надворешни работи Лорен Фабиус, соопштуваат од неговиот кабинет.

climate-change

Парискиот самит е еден од најважните за постигнување на конечен договор за намалување на емисиите на штетни стакленички гасови и јаглероден диоксиод со поставување на временска рамка за почиста планета во наредните децении, но прашање е дали големите светски сили во развој како Кина, Индија, Бразил и останатите ќе се согласат бидејќи нивната економија во голема мера ја користи нафтата како катализатор.

ivanov polska

Иванов во тој контекст ќе говори за постигнување на обврзувачки договор за сите земји, залагање за одржлив развој и за научно втемелен одговор за предизвиците кои ги наметнуваат климатските промени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com