Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов – Словачка да помогне за деблокада на македонските евроинтеграции

Иванов – Словачка да помогне за деблокада на македонските евроинтеграции

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов вчера се сретна со претседателот на Словачката Република Андреј Киска, во Братислава каде се одржува безбедносниот форум ГЛОБСЕК 2015.

Постојат позитивни примери на паралелно движење во интеграциите или пак проблемот на името да биде последно 35-то поглавје, како можни начини за деблокада на почетокот на преговорите со ЕУ. Во поглед на НАТО апелирам на почитување на пресудата од Хаг и на Времената спогодба, како начин за заземање на заслуженото место.
иванов-киска2-520x347
На средбата, јави известувачот на МИА, се потврдени исклучително добрите билатерални односи и континуираниот политички дијалог меѓу Македонија и Словачка засновани на долги и традиционални врски на меѓусебно разбирање и пријателство.

Иванов и Киска констатираа дека билатералната соработка меѓу двете земји континуирано се продлабочува, а истовремено постои и неискористен потенцијал за поинтензивна соработка во голем број области од заемен интерес, особено на полето на економијата, инвестициите, образованието, културата и туризмот.

Претседателот Иванов го информираше Киска и за реалзирањето на нашите стратешки цели-членството во НАТО и во ЕУ, како и за моменталната политичка, безбедносна и економска состојба во Република Македонија.
– Членството во ЕУ и во НАТО е наш највисок стратешки приотритет за кој постои апсолутен политички, етнички и социјален консензус, потенцира Иванов, нагласувајќи ја потребата за посериозен ангажман од ЕУ и земјите членки со цел изнаѓање начин за деблокада на евроатлантските интеграции.

Претседателот Киска потенцираше дека Словачка како и досега ќе продолжи со поддршката за македонските евроатлантски аспирации.
– Република Словачка го поддржува проширувањето и на ЕУ и на НАТО и во тој контекст и аспирациите на Република Македонија, рече меѓу другото Киска.

На денешната средба, Иванов ја реафирмираше отворената покана за официјална посета од страна на неговиот колега Киска на Република Македонија. Вечерва, претседателот Иванов на безбедносниот форум ќе се обрати на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа“.