HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов неформално се сретна со Обама, генерална поддршка за Македонија

Иванов неформално се сретна со Обама, генерална поддршка за Македонија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на приемот на шефовите на делегациите на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации имал кратка и неформална средба со американскиот претседател Барак Обама кој заедно со генералниот секретар Бан Ки Мун го организирал приемот.

Кабинетот на претседателот соопшти дека била потврдена поддршката на САД за реализирање на македонските стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ. Иванов имал неформални средби и со американскиот државен секретар Џон Кери, како и со многу други светски лидери и дипломати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com