Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИванов не го менува својот став, лидерска средба мора да има

Иванов не го менува својот став, лидерска средба мора да има

Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог и барање решение за надминување на оваа состојба.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог и барање решение за надминување на оваа состојба преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.

Претходно планираните обврски од агендата на Претседателот Иванов се откажани, поради новонастанатата состојба, се вели во соопштението.

извор: нетпрес.ком.мк