Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов: Македонија заслужи промена на статус кво во НАТО

Иванов: Македонија заслужи промена на статус кво во НАТО

Иванов од престојот на Полска е оптимист и очекува промена на статус кво состојбата во НАТО кога е во прашање членството на Република Македонија и реализирање на поканата од 2008 која со закана од вете беше блокирана од Грција. Надежта претседателот ја гледа во исполнувањето на сите критериуми, како и големиот придонес на македонската армија во мисиите на НАТО, но како што е познато главниот услов е најпрво решавање на спорот за името со Република Грција.

ivanov

„Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО во Полска во 2016 година Македонија да ја напушти статус-кво состојбата во однос на нејзиното членство во Алијансата, изјави претседателот Ѓорге Иванов“, кој учествуваше на 25. Економски форум во Полска.

Иванов на маргините на Форумот оствари средба со новиот полски претседател Анджеј Дуда, на која главен акцент беше ставен на претстојниот НАТО самит и што може Полска да направи во поглед на членството на Македонија во НАТО, јавува МИА.