Monday, Apr 24, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ќе оди во работна посета на Франција, на конференција организирана од УНЕСКО

Иванов ќе оди во работна посета на Франција, на конференција организирана од УНЕСКО

Ѓорге Иванов, претседател на Македонија, од недела ќе започне со работна посета на Франција, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО.

Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО – мир и одржлив развој во сложен свет“. Тој ќе присуствува и на свечената церемонија по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на УНЕСКО.

Во рамки на учеството на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, предвиденa е средба на претседателот Иванов со Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, како и средби со дел од присутните лидери, учесници на форумот.

За време на работната посета на Франција, претседателот Иванов ќе ја посети Maкедонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Париз, а ќе оствари средба и со истакнати бизнисмени – претставници на Клубот Македонија 2025 – Франција.