Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ќе ги потврди одличните односи со Хрватска

Иванов ќе ги потврди одличните односи со Хрватска

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов денес и утре ќе оствари официјална посета на Хрватска каде ќе оствари средба со неговата колешка претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, а во делегацијата ќе биде присутен и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Целта на посетата е да се потврдат одличните односи меѓу двете земји и соработката на политички план на врвно ниво, а ќе се отворат разговори за подобрување на економските односи. Иванов ќе присуствува и на прослава на македонското друштво „Браќа Миладиновци“ кое ќе се претстави со уметничка програма во Општина Ѓаково.