Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ја повлече аболицијата за 22 лица, другите ќе мора да поднесат барање

Иванов ја повлече аболицијата за 22 лица, другите ќе мора да поднесат барање

Претседателот Ѓорге Иванов ги повлече аболициите за 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12 април. За останатите од списокот на 56 помилувани оставена е можноста индивидуално да си поднесат барање до него да им биде повлечена аболицијата.

„Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките и без помилуваните да го побараат тоа од мене. Во согласност со Законот за помилување, донесов одлука за поништување, ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно 22 -ца. За жал сите други лица, согласно законските измени, имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување“, рече Иванов во своето обраќање пред граѓаните попладнево, од претседателската вила на Водно.

Со ваква изјава, без да прецизира за кој се станува збор, остава простор да се толкува кој спаѓа во категоријата аболицирани.

Инаку претседателот пред месец и половина донесе одлука за колективна аболиција на 56 лица.