Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ја повика владата да го објави и образложи договорот со Бугарија

Иванов ја повика владата да го објави и образложи договорот со Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја повика Владата да го објави и да го образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред неговото потпишување. Како што стои во соопштението од претседателскиот кабинет, отсуството на транспарентност предизвикало негативни коментари и загриженост во јавноста кои треба да се надминат со објавување на текстот на договорот пред неговото потпишување.

„Иванов нагласува дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Република Македонија и дека кој било меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на македонските национални интереси“, стои во соопштението.

Македонскиот претседател вчера имаше средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на која беше информиран за последната нацрт-верзија на договорот за пријателство и за добрососедство со Република Бугарија.