Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ја одложи на посетата на Австралија

Иванов ја одложи на посетата на Австралија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов донесе одлука за одложување на посетата на Австралија, велат од неговиот кабинет.

Од таму посочуваат дека политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за емигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија.

Посетата предвидуваше средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија, велат од кабинетот на шефот на државата. Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, претседателот на Парламентот, претседателот на Сенатот, со претставници на македонско­-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.