Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов: И Исус и Мухамед сега да се јават ќе ги убијат

Иванов: И Исус и Мухамед сега да се јават ќе ги убијат

Претседателот Иванов имаше невобичаен одговор на прашањето како Александар Велики денес би успеал во модерниот бизнис. Одговорот на Иванов добро ги насмеа присутните.

„Јас ќе сменам приказна. Сега и Исус Христос да се јави ќе го убијат! Истото важи и за Мухамед и тој ако сега се јави ќе го убијат. Значи, не ви е неопходна сила, туку ум, умот војува. Александар Македонски бил тоа што бил затоа што имал учител кој се викал Александар и го научил на сите тајни на опстојување на човекот“, заклучи Иванов.

Несакајќи Иванов направи уште еден гаф бидејќи учителот на Александар бил Аристотел. Самитот во Сараево за процесот Брдо-Бриони беше посветен на барање решенија за актуелните глобални закани и предизвици, но очигледно ни боговите не можат да не спасат.