Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАИванов од ГЛОБСЕК: Македонија неправедно е надвор од ЕУ и НАТО

Иванов од ГЛОБСЕК: Македонија неправедно е надвор од ЕУ и НАТО

Претседателот Ѓорѓе Иванов оцени дека Македонија незаслужено е зад портите на НАТО и ЕУ и дека принципот на одлучување со конзесуз и право на вето е резултат на недолучност, што во никој случај не оди во прилог на стабилноста на државата и регионот. Иванов на самитот за безбедност ГЛОБСЕК во Братислава оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави каде исто така преовладува мислењето за неодлучноста на Европскиот Совет за деблокада на почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

ivanov globsek

– Покрај слабостите што ги имаме во функционирањето на нашата демократија, голема причина е и застојот што Македонија го има во процесот на евроинтеграции што доведува до фрустрации и влијае на политичката култура. Иванов ја пренесе и заложбата на Македонија во мисиите на НАТО во Ирак и Авганистан, целосната посветеност на реформирање на армијата и исполнување на критериумите што се гледа во професионалноста на војниците.

nato mk armijaПокрената е и темата за регионалната соработка во спречување на тероризмот и Иванов потенцираше дека идејата за формирање на Балкански центар за антитероризам се уште не е реализирана и дека нема доволно квалитетна размена на информации меѓу службите за безбедност што доведува до нови ризици. Подршка за оваа иницијатива е изразена од Ламберто Заниер, генералниот секретар на ОБСЕ, кој смета дека со контратерористичкиот центар ќе се зголеми довербата меѓу службите со заеднички обуки и вежби за сузбивање на потенцијалните закани.