Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ги собра младите лидери за повеќе знаење

Иванов ги собра младите лидери за повеќе знаење

Младите лидери ќе бидат дел од шестата по ред лидерска школа организира по иницијатива на претседателот Ѓорѓе Иванов. Оваа година ќе има 40 учесници и дваесетина предавачи. Целта на школата која од 16 до 28 август во Охрид е да ги зголеми знаењата на младите, да им помогне да ја изразат својата креативност и да добијат повеќе вештини и искуство.

Меѓу поистакнатите предавачи се издвојува Франко Фратини кој беше потпретседател на Европската комисија и министер за надворешни на Италија. Покрај него младите лидери ќе имаат предавања од врвни ексерти како поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, потоа Марк Оте од Кралскиот институт на Белгија, Јован Ковачич член на Трилатералната комија и други.