Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИванов денеска во работна посета на Унгарија

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет.

„Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението.

Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот во Баку, а во меѓувреме ја одложи посета на Австралија, планирана за крајот на оваа недела, поради актуелната политичка состојба во земјава.

Утре во Македонија, како што е највено, треба да пристигне еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во рамките на напорите за наоѓање излез од актуелната политичка криза околу формирањето на новата влада. Тие, меѓу другото, се очекува да имаат средба и со претседателот на државата, Иванов.