Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов денеска конечно ќе го додели мандатот

Иванов денеска конечно ќе го додели мандатот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, соопштија од кабинетот на претседателот.

По одржувањето на предвремените парламентарни избори, на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, но не успеаја да договори владина коалиција со албанските партии. СДСМ, кои на изборите освоија 49 пратеници успеаја да оформат парламентарно мнозинство со албанските партии, но Иванов досега одбиваше да го додели мандатот, барајќи гаранции за зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на албанската платформа.