Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов да постапи согласно Уставот и да го даде мандатот, му рекол Заев на Бејли

Иванов да постапи согласно Уставот и да го даде мандатот, му рекол Заев на Бејли

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли. Од Социјал-демократскиот сојуз информираат дека на средбата е констатирано оти демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на нова реформска влада, којашто ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи за членство во ЕУ и НАТО.

Заев истакнал дека очекува Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот.

На средбата, како што информираат од СДСМ, е заклучено дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта, заштита на граѓанските и државните интереси.