HomeДЕНЕШНАСветИванка Трамп може да ја добие позицијата амбасадор на САД во Токио

Иванка Трамп може да ја добие позицијата амбасадор на САД во Токио

ivanka-tramp

Ќерката на новиот претседател на САД Иванка Трамп, би можела да биде именувана за нов американски амбасадор во Токио, пренесуваат јапонските медиуми. Веста беше објавена откако Иванка Трамп присуствуваше на првиот состанок на својот татко со јапонскиот премиер вчера во Њујорк. Канцеларијата на јапонскиот премиер објави фотографии на кои се наоѓаат Иванка Трамп, Доналд Трамп и Шинзо Абе.

Нејзиното присуство на средбата Абе-Трамп се уште не е официјално образложено. Не е познато ниту дали присуствувала цело време во текот на разговорот. Некои јапонски медиуми сепак објавија дека е возможно Иванка Трамп да се најде на местото амбасадор на САД во Токио и на таа позиција да ја замени Каролин Кенеди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com